Ракометните суперлигаши поделени во две групи, извршена ждрепката за новата сезона

Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија денеска беше извршена ждрепката на групите за првата фаза од новиот шампионат, во кој ракометната сезона ќе има поинаков формат од вообичаено. Имено, со прекинот на ланската сезона поради коронавирусот дојде до проширување на лигата на 14 екипи, при што денеска беа извлечени две групи од по седум прволигаши.

Металург, кој важи за највалитетен тим од 14-те суперлигаши, ќе се најде во групата Б заедно со Бутел, Пелистер 2, Работнички, Тиквеш, Прилеп и Младост Богданци. Охрид е носител на групата А, каде за ривали ќе ги има Пролет, Радовиш, Струга, Астарион, КЛ7 и Јуниор.

Согласно пропозициите, трите најдобри екипи од секоја група ќе се пласираат во плејофот, каде ќе им се приклучат Вардар и Пелистер. Останатите екипи ќе разигруваат плејаут за опстанок, при што само најдобрата екипа од плејаут лигата ќе има загарантиран опстанок во елитното друштво.

ГРУПА А: Охрид, Пролет, Радовиш, Струга, Астарион, КЛ7, Јуниор Кисела Вода.

ГРУПА Б:  Металург, Бутел, Пелистер 2, Работнички, Тиквеш, Прилеп, Младост Богданци.

Врз основа на овие извлечени групи, утврден е и целокупниот распоред на натпреварување, почнувајќи од 12 септември

Се вчитува...