Еден од фудбалерите на шпанскиот второлигаш Фуенлабрада преживува вистинска драма. Поради компликации предизвикани од коронавирусот тој изгубил свест и итно е пренесен во болница во Ла Коруња каде овој тим се наоѓа веќе неколку дена. Вчера беа откриени уште шест позитивни случаи кај шпанскиот второлигаш, откако во понеделникот поради позитивни тестови беше одложен мечот против Ла Коруња, од последното коло во Сегунда Дивизион.
„Денеска фудбалер на Фуенлабрада не се чувствуваше најдобро и поради тоа е префрлен во болница. Ги замолуваме медиумите да го почитуваат идентитетот на личноста и бараме голема внимателност во известувањето околу здравјето на нашите фудбалери“, стои во соопштението од клубот.
Фудбалерите се уште се изолирани во хотел и чекаат на следни детални инструкции од Институтот за јавно здравје на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА