Аталанта ремизираше на гостувањето кај Милан 1-1 во премиерниот натпревар од 36. коло во италијанската Серија А. Домаќините поведоа со евроголот на Чалханоглу од слободен во 14. минута. Во 26. минута главниот судија на натпреварот досуди пенал за гостите, но Џанлуиџи Донарума успеа да го одбрани шутот на Малиновски. Сепак, Аталанта до крајот на првото полувреме успеа да изедначи преку Дуван Запата во 34. минута.
Во едно досадно второ полувреме, ниту еден од тимовите не успеа да направи шанса со која ќе го загрози противникот, по што резултато на семафорот остана истиот од првите 45 минути.
Со овој бод Аталанта останува втора, но на два меча до крајот со негатива од минус пет од првопласираниот Јувентус. Милан е шести со 60 бода и до крај ќе има задача да го задржи последното место кое води во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

