Е. Пелистер со промоција на новите дресови и прв работен собир ги почна подготовките (ФОТО)

Екипата на Е. пелистер со седум нови лица денес ги започна подготовките за новата сезона.

Тренерот Жељко Бабиќ означи почеток со работен состанок на кој беше претставена програмата на подготовки, информираат од клубот. Мандалиниќ, Кушан, Мараш, Периќ, Костески, Кукуловски и Танкоски се нови имиња во споредба со минатогодишниот ростер, а екипата ја напуштија Митревски, Јотиќ, Остроушко, Шевелев, Петровски, Кузманоски.

Битолчани во понеделник заминуваат на подготовки во Маврово, каде ќе поминат две недели. Потоа преку турнирски натпревари Бабиќ ќе ја бара формата на тимот. Предвидено е Е.Пелистер да игра на турнирите во Струга и Атина.

Претходно „пелистерци“ ги промовираа и новите дресови за новата сезона, комбинација на сино и зелено, согласно барањата на „Чкембарите“.

Оваа сезона Е. Пелистер ќе настапува во Лига Европа, а своите противници во групната фаза ќе ги дознае на 28. август.

Се вчитува...