Голем дел од фудбалските првенства во светот годинава завршија подоцна поради пандемијата од коронавирусот. Поради тоа и голем дел од фудбалските ѕвезди своите годишни одмори ги искористија малку покасно, но и на различен начин поради новата ситуцијата во светот.
Лионел Меси и Луис Суарез заедно со семејствата се на Ибица, додека асот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, и голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, одлучија во родните земји да ја поминат паузата. Модриќ е на Јадранско море, додека Облак ги посетува планините во Словенија. Најинтересен одмор помина Серхио Рамос, кој овојпат на летување реши да замине со трофејот од Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА