На ниту еден руски спортист не треба да му биде дозволено да учествува на Летните олимписки игри во Токио следната сезона. Вакво барање испорача „свиркачот“ Григориј Родченков кој ја откри аферата околу „државно спонзорираниот“ скандал со допинг. Човекот кој всушност и бил архитект на овој проект тврди дека Русија воопшто не е променета и покрај тоа што веќе четири години е суспендирана од големите меѓународни натпреварувања. ВАДА дозволи сите руски спортисти кои ќе докажат дека се чисти да можат да се натпреваруваат во токио како неутрални.
„Треба да има апсолутна забрана за сите спортисти без исклучоци. Истите луѓе кои ги шверцуваа и ги менуваа примероците за Игрите во Сочи во 2014 година, ја фалсификуваа и документацијата. Тоа е измама од незамисливи пропорции. Државата не научи ништо“ – вели Родченков.
Русија доби шанса за поправен кога во 2018 година националната допинг агенција доби повторно право да работи од ВАДА, но потоа не соработуваше со предавањето документи и податоци од озлогласената московска лабораторија и потоа Русија ги доби забраните за учество на ЛОИ во Токио на СП во Катар 2022 година. Судот за арбитража во спортот, жалбата на Русија по оваа одлука ќе ја разгледува во ноември.
Новите обвинувања, Родченков ги изнесе во интервју за Би- Би-Си на кое зборуваше преку Zoom и беше со комплетно покриено лице. Тој веќе пет години се крие во САД и изменет му е ликот, а вели дека комплетно ги изменил и однесувањето и гестикулацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА