Раководството на Бутел успеа во намерата да задржи уште еден клучен ракометар во своите редови, потпишувајќи нов договор со капитенот Бојан Спасовски.
„Останувам во Бутел Скопје уште една сезона и се надевам дека повторно ќе го предводам тимот до уште поголем успех. Ги задржавме носителите на играта во нашиот тим за следната сезона, а имаме одлична соработка со тренерот Грчевски. Сите екипи работат на трансфер пазарот и не очекува интересна Суперлига. Раководството ни ги овозможува сите услови, а нас ни останува да мислиме само на играта. Покрај домашните обврски, ќе бидеме активни и на меѓународна сцена во Лигата на Европа, каде исто така очекувам достојно претставување на клубот и на Македонија, а ќе играме и на традиционалниот Струшки турнир“, изјави Спасовски.
Суперлигашот во месец август најпрвин ќе учествува на турнирот во Струга, а на крајот од месецот ќе го одигра и првиот меч од квалификациите за Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА