Металург е повторно силен, а има и хрватски бренд во своите редови. Златко Хорват, долгогодишниот ракометен репрезентативец на Хрватска од оваа сезона ќе биде адут на „металурзите“ во обидот да се вратат на врвот на македонскиот ракомет. Покрај Хорват, денеска се приклучија сите странски засилувања кои ги претстави претседателката Зорица Блажевска.
Тренерот Зоран Кастратовиќ има на располагање квалитетен ростер, а уште од самиот старт им наметна силен ритам на ракометарите. Металург до 30 јули ќе биде во Скопје, а потоа ќе оди на подготовки во Маврово. Тимот ќе биде и дел од турнирот во Струга, ги очекува ривалите во Лигата на Европа, а домашниот шампионат ќе го почне во средината на септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА