Ван Бастен: Де Лихт згреши што дојде во Јувентус

Поранешниот холандски репрезентативец и селектор, Марко ван Бастен, не е воодушевен од настапите на Матијс де Лихт во дресот на Јувентус. Според екс-голгетерот, Де Лихт донел погрешна одлука кога го избрал Јуве пред Барса, откако и двата клуба покажаа сериозен интерес за негов ангажман минатото лето.

Холандскиот дефанзивец постигна четири погодоци сезонава, но покажа и низа несигурности во играта во одбрана, нешто што не беше случај при настапите за Ајакс.

„Ако ја погледнете неговата форма, Де Лихт не играше подобро отколку во дресот на Ајакс. Тоа е знак дека згрешил во одлуката, бидејќи сите очекувавме неговата форма да се движи во нагорна линија, но тоа не се случи. Ако играше во Барса, Реал или Манчестер Сити, сигурно многу повеќе ќе научеше, меѓу другото и поради фактот дека овие лиги се многу посилни од Серија А. Мора да се истакне и дека Матијс немаше среќа бидејќи Кјелини се повреди. Џорџо е одличен организатор на одбраната, додека Бонучи е во свој филм, ги исполнува дадените задачи, но не им помага на играчите крај него“, истакна Ван Бастен.

Се вчитува...