Стратегот на Металург, Зоран Кастратовиќ, беше задоволен од денешната ждрепка во која „металурзите“ за ривал во првото квалификациско коло го доби хрватскиот претставник Спачва. Предупредувајќи дека не станува збор за наивен ривал, Кастратовиќ сепак потенцира дека Металург има пред себе зацртана цел – пласман во групната фаза од Лигата на Европа.
„Генерално гледано сме задоволни од ждрепката и секако ќе ја имаме улогата на фаворит. Не се опуштаме бидејќи за ривал имаме клуб од земја што е актуелен европски вицепрвак. Наша цел останува пласманот во групната фаза во Лигата на Европа, почнавме со напорна работа за да го оствариме тоа“, истакна Кастратовиќ.
„Металурзите“ од вчера почнаа да тренираат во комплетен состав, а како дел од подготовките за двомечот со Спачва ќе учествуваат на турнирот во Струга на средината од месец август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА