Манчестер Сити ќе мора да се снаоѓа без помошта на Серхио Агуеро на реванш дуелот од осминафиналето во ЛШ против Реал Мадрид. Аргентинецот повеќе од еден месец е „во аут“ по операцијата на коленото што му беше извршена на 24 јуни во Барселона, а рехабилитацијата не оди според планот.
„Агуеро чувствуваше болка од самото враќање на тренинг, па имаше чекор наназад во рехабилитациската програма. Ќе продолжиме да се подготвуваме за реваншот со Реал без негова помош“, објави Пеп Гвардиола.
„Граѓаните“ имаат предност од 1-2 од првиот меч во Мадрид. Победникот од овој двомеч во четвртфиналето ќе се сретнат со победникот од двомечот Јувентус – Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА