Капитенот си оди кога нема пари – Филип Гачевски не се договори за да остане во Вардар

Капитенот на Вардар, Филип Гачевски, го напушта клубот. Во тешките моменти, кога најтрофејниот македонски клуб кубури со финансиски средства, голманот не се договори со раководството за продолжување на соработката. Вели дека „каде и да оди, ќе извикува „Вардар во срце те носам“. Но, сепак, си оди бидејќи веќе нема доволно финансии во клубот.

„За жал дојде и тој момент. После 5 години, денеска се збогувам со вас и фановите, бидејќи заминувам од Вардар – клубот со кој ги доживеав најубавите моменти, 3 титули и историски пласман во ЛЕ.
Благодарам на соиграчите и на луѓето со кои работев секој ден сите овие години. Научив многу од сите тренери, а најмногу од Саша Илиќ, Александар Васоски и Гоце Седлоски. Им благодарам на фановите за постојаната поддршка, им благодарам на Комити за тоа што беа со мене во убавите, но и тешките моменти. Клубот не ме научи само како да бидам спортист, туку ме изгради и како личност.
Не сакам да бидам запаметен како добар или лош голман, туку како добар човек. Ви благодарам и секаде каде ќе одам ќе извикувам ,,Вардар во срце те носам”!!! Еден живот – една љубов ?❤️??“, објави Филип Гачевски на социјалните мрежи. 

Се вчитува...