Американскиот атлетичар Мајкл Норман реализираше фантастичен подвиг во овој спорт, пробивајќи три „бариери“ на трките од 100, 200 и 400 метри.
Тој ја истрча трката на 100 метри под десет секунди (9,86), има истрчано 200 метри под 20 секунди (19,84), а во дисциплината 400 метри ја има урнато „бариерата“ од 44 секунди (43,45). Единствениот атлетичар што досега ги има урнато границите во овие три трки е Вејд ван Никерк од Јужна Африка.
Најсилна страна на 22-годишниот Норман е настапот на 400 метри, тој беше фаворит за златото на СП во Доха, но поради повреда испадна уште во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА