Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, изјави дека не е оптимист во врска со настапот на Јосип Иличиќ во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен кој ќе се игра на 12. август во Лисабон.
„Ќе ја следиме неговата ситуација од ден во ден, но ми се чини дека тешко дека ќе биде подготвен. Ние немаме фудбалер со неговите квалитети, тој е многу важен за нашата игра. Ние без Иличиќ сме како Јувентус без Дибала, Лацио без Имобиле или Интер без Лукаку“, изјави Гасперини.
Иличиќ уште во јуни заработи повреда на десниот глужд, а иако на почетокот на јули беше дел од неколку натпревари, беше очигледно дека не е стопроцентно подготвен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА