Македонскиот репрезентативец Марио Младеновски, младиот дефанзивец кој го напушти Вардар е на проба во украинскиот Динамо Киев. Тој игра тест – натпревари за младинскиот состав на Динамо Киев до 21 година и доколку задоволи ќе потпише договор со украинскиот гигант. Поволна околност е што доаѓа како слободен агент откако доби чисти документи од Вардар поради долговите што најтрофејниот клуб ги има кон фудбалерите.
Агент на Марио Младеновски е поранешниот репрезентативец Горан Попов, кој добар дел од кариерата мина токму како член на Динамо Киев. Релациите ги искористи да го доведе на проба и Марио Младеновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА