Вардарци во филмот…„ние почнавме, а ќе има ли пари?“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Десетина дена пред почетокот на првенството, како аматерски тим кој се подготвува за рекреација, најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги почнува летните подготовки за новата сезона 2020/21 во Првата лига. Со две години апстиненција од европските купови поради кршење на финансискиот фер-плеј на УЕФА, огромни долгови од спонзорот Сергеј Самсоненко, кој во меѓувреме се повлече, и раководството, тренерот Александар Васоски во базата во Хиподром ги преброи фудбалерите. Играше „икс-нула“ во нотесот, оние што си заминаа затоа што финансиската ситуација е повеќе од кризна и оние што останаа или се уште не се заминати. Има и четири нови имиња, повратници, Дејан Блажевски, Филип Петковски, Виктор Велковски, најверојатно и Бојан Најденов. Но, и нема значителен дел од тимот кој беше лидер во изминатиот прекинат шампионат на Македонија. Секако, тука повторно е главното прашање кое се врти во главите на сите вардарци….„ние почнавме, а ќе има ли пари?“

И повторно се тука истите фаци – Мирко Спасески и Самоил Симев, како некоја оставштина од времето на Сергеј Самсоненко, која имаше убави моменти, но заврши неславно. Добро е што на крајот не(ма да) заврши трагично.

Бремето е сега кај Александар Васоски и соработниците кои треба да склопат тим што повторно ќе атакува на највисок пласман, затоа што тоа од Вардар секогаш се очекува.

 

 

Се вчитува...