Халанд сака титула пред да си замине од Борусија Дортмунд

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, не планира брзо да си замине од германскиот бундеслигаш. Поточно, посакува да ја освои титулата во Бундес-лигата со „милионерите“, а потоа да замине во некој од големите европски клубови кои желно го исчекуваат. Халанд во јануари за 20 милиони евра од Ред Бул Салцбург се пресели во Борусија Дортмунд и потврди дека е чудесен голгетер, постигнувајќи 16 гола на 18 натпревари.

„Имам повеќегодишен договор со Борусија Дортмунд, до 2024 година. Големата цел е да ја освојам титулата во Бундес-лигата и да ја прославам со фантастичните фанови на Борусија. Потоа ќе размислувам за следни чекори во кариерата“, изјави Халанд.

Борусија Дортмунд нема освоено титула во Германија од 2012 година и никако не може да ја сопре доминацијата на Баерн Минхен. Оваа сезона тимот заврши на втората позиција, но со огромни 13 бода заостанување зад шампионот Баерн Минхен.

 

Се вчитува...