Реал Мадрид се подготвува за сериозна промена во стартната петорка откако плејмејерот Факундо Кампацо им соопштил на клупските директори дека сака да си замине и да си ја проба среќата во НБА-лигата. Клубовите од НБА дури по завршувањето на сезоната (допрва ќе следи продолжението) ќе ги кројат тимовите за 2020/21, но ставот на „кралевите“ е дециден – ако некој сака да го донесе Кампацо ќе треба да ја активира клаузулата од шест милиони евра.
Аргентинецот имаше извонредна сезона и беше вистински лидер на Реал на теренот, па јасно е зошто шпанскиот гигант не планира да ја спушти сумата што ја бара за негово евентуално заминување. Впрочем, „кралевите“ потоа парите би ги инвестирале во нов врвен плејмејкер, а желба број еден на тренерот Ласо е Василије Мициќ.
Српскиот ас слично како Кампацо се надева на преселба во НБА, има уште една година од договорот со Анадолу Ефес, но доколку добие богата понуда од „кралскиот клуб“ би можел да ги промени плановите за иднината. Мициќ имаше извонредна сезона во дресот на турскиот гигант и заедно со Ларкин беше главен адут на тренерот Ларкин, па „кралевите“ ќе треба да се намачат за да го убедат на преселба во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА