Загубената титула во Премиер-лигата ги натера челниците на Манчестер Сити сериозно да инвестираат во засилувања за наредната сезона, се со цел „граѓаните“ експресно да се вратат на тронот на англискиот клупски фудбал. Затоа, не е изненадување што токму Сити е најактивниот клуб на пазарот непосредно по завршувањето на сезоната, веќе успевајќи да договори два трансфери.
Прв е оној на Феран Торес, младиот „бисер“ на Валенсија кој ќе потпише петгодишен договор со „граѓаните“. Тој имаше само уште една година од актуелниот договор со шпанскиот клуб, поради што Сити успеа да го договори потписот за почетни 25 милиони фунти, извонредна сума за овој суперталентиран фудбалер.
Второ ново име во тимот на Пеп Гвардиола ќе биде Нејтан Аке, дефанзивецот на Борнмут кој беше една од ретките светли точки во оваа екипа што испадна од Премиер-лигата. Сити повеќе од една година го меркаше холандскиот дефанзивец, за Борнмут денеска да ја прифати понудата од 41 милион фунти, по што се очекува во следните 48 часа и овој трансфер да биде официјализиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА