Андреа Пирло од денеска и официјално повторно е дел од Јувентус откако долгогодишниот ас на „старата дама“ ја прифати понудата да биде тренер на У23-тимот на „црно-белите“ од Торино. Управата на Јувентус во неколку наврати му нудеше различни функции на Пирло, тој досега го одбиваше Ањели, се додека не ја доби посакуваната работа – почеток со тренерски ангажман токму во најтрофејниот италијански клуб.
Италијанскиот фудбалски генијалец со овој потег тргнува по стапките на Пеп Гвардиола и на Зинедин Зидан, кои најпрвин работеа со младинските тимови на Барселона и на Реал Мадрид, пред да почнат да бележат извонредни резултати со првите екипи на шпанските фудбалски гиганти.
„Нова авантура за Андреа Пирло и за Јувентус почнува денеска. По пет години, повторно сме заедно. Андреа е новиот тренер на тимот за играчи до 23 години. Предизвикот е пред сите нас, за камбекот од кој сите сме презадоволни. Добредојде назад, тренеру Пирло“, порачаа од Јуве.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА