Бруно Дита од денеска и официјално е нов член на Шкендија откако албанскиот интернационалец го стави потписот на двогодишниот договор со тетовскиот клуб. Станува збор за 27-годишен играч за врска, кој делува максимално мотивирано при преселбата во Македонија.
„Среќен сум што дојдов овде, верувам дека го направив вистинскиот избор и ќе сторам се за да помогнам во остварување на клупските цели. Ја избрав Шкендија бидејќи имав соиграчи кои настапувале во тетовскиот клуб, од нив слушнав само добри работи. Ова е сериозен клуб, секоја година учествува во европските купови и се бори за титулата. Ја освоив шампионската титула со Скендербег во Албанија, се надевам дека сега ќе го сторам истото и во Македонија со тимoт на Шкендија“, истакна Дита.
Албанецот е второ засилување на тетовци во овој преоден рок, по ангажманот на Дориев од редовите на Академија Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА