Вардар не запира – Кубанката Агилера пред потпис со „црвено-црните“

Раководството на Вардар е решено да ја популаризира женската одбојка, па покрај инвестициите во машкиот тим во обид да се стигне до титулата „црвено-црните“ сериозно вложуваат и во женската екипа. „Вардарци“ веќе потпишаа договор со белоруската интернационалка Дарија Аврамчик, а сега се наоѓаат многу блиску и до потпис со актуелна репрезентативка на Куба.

Станува збор за Атила Агуеро Агилера, 21-годишна одбојкарка која досега настапуваше за кубанскиот тим Камагуеј, а добрите игри и обезбедија и место во националниот тим на својата татковина. Агилера посакува да се испроба и на европската одбојкарска сцена, контактите со управата на Вардар траат веќе извесно време и се очекува во наредните денови и официјално да биде потпишан договорот меѓу „црвено-црните“ и Кубанката.

Првите луѓе на клубот веќе го пријавија Вардар за учество во ЦЕВ Челинџ-купот, со што „црвено-црните“ ќе станат првата женска македонска екипа што по долги години пауза ќе се натпреварува во европските одбојкарски натпреварувања.

Се вчитува...