Суперинтересна беше завршницата од денешната трка за ГН на Велика Британија, на која Луис Хамилтон стигна до нова победа и покрај големиот проблем откако во последниот круг неговиот болид остана со една дупната гума. Најголем малер беше Валтери Ботас, кој беше сигурен на втората позиција, но поради пукање на гума на три круга до крајот остана надвор од Топ 10.
Британецот ја стартуваше трката од пол-позицијата и не дозволи триумфот во ниту еден момент да му биде доведен во прашање. Разликата во однос на Ботас во голем дел од трката се движеше не повеќе од три секунди, за Хамилтон во последните десетина круга да се одлепи. Поради проблеми со моторот актуелниот светски првак значително побавно го извозе последниот половина круг, но Ферстапен беше предалеку за да го стигне и асот на Ред Бул мораше да се задоволи само со втората позиција, пред Леклер и Рикиардо.
Ботас делуваше сигурно на втората позиција, но Финецот се соочи со неочекуван проблем по пукање на левата предна гума, по што мораше да замине во пит-стоп и на крајот го освои само 11. место.
Денешната трка донесе и ново разочарување за Себастијан Фетел, поранешниот Ф-1 првак извозе разочарувачки и на крајот едвај стигна до 10. позиција поради фијаското на Ботас и откажувањето на Саинц на два круга до крајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА