ФИФА одлучи да испрати максимална поддршка за претседателот Џани Инфантино откако швајцарското обвинителство отвори истрага за неговата работата.
Од светската куќа на фудбалот преку соопштение дадоа максимална поддршка на првиот човек нагласувајќи дека истрагата е целосно беспредметна.
„Претседателот на ФИФА продолжува нормално со своите обврски. Секако, ФИФА ќе соработува со судските власти во Швајцарија, но ние отворено нагласуваме дека нема никакви причини за отворање на истрага. Во продолжение секако ќе ги почитуваме сите натамошни одлуки“ – соопштија од ФИФА.
Инфантино, како што е познато, е под истрага поради неговата соработка и нелегални активности, во периодот од 2016 до 2017 година, со поранешниот главен обвинител на Швајцарија, Мајкл Лобер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА