Захариевски: Струга ТЛ е екипа која ќе биде рамноправна со секој тим во Првата лига

Струга Трим Лум дефинитивно е препороден тим под палката на поранешниот македонски репрезентативец Срѓан Захариевски. Одличните игри низ подготвителниот период за стружани најавуваат плодна сезона во која Струга ТЛ дефинитивно се очекува да игра значајна улога на домашната фудбалска сцена.

Захариевски креираше тим на искуство и младост со сериозни измени во однос на минатата сезона.

„Задоволен сум играчите. Тренинзите се одвиваат супер. На контролните натпревари бележиме позитивни резултати и сето тоа ќе треба да го спроведеме во Првата лига. Секој тест натпревар го гледаме како првенствен и нова шанса за напредок на екипата. Имаме доста нови фудбалери кои треба да се вклопат и мислам дека доста добро ни оди. Генерлката ќе ја одиграме против составот на Вардар Форино. Тој меч ќе биде нова можност за комбинации и финализирање на првите 11“ – вели Захариевски, дополнувајќи дека се надминати и проблемите со повреди.

„Имавме некои проблеми со повреди, но се надминати и максимално подготвени ќе бидеме за стартот на сезоната“.

Во првото коло од новата сезона, на 9. август, Струга Трим Лум гостува на Ренова во Тетово.

„Ренова е искусен тим составен од фудбалери со долгогодишен стаж во Првата лига. Годинава ќе играат и во Европа, што доволно говори за нивниот квалитет. Ние ќе го респектираме секого, но создаваме екипа која што ќе може да се носи со секој ривал во Првата лига“ – вели Захариевски.

Се вчитува...