Кејти Ледецки воодушевува во базенот и кога нема натпреварувања (ВИДЕО)

Една од најдобрите пливачки на денешницата, Кејти Ледецки почна со подготовки за следната олимписка година, но на еден интересен и многу различен начин. Таа во недостиг на натпреварувања поради пандемијата од коронавирусот сними видео на кое плива со полна чаша млеко на главата.

Неверојатно е тоа што таа не дозволи ниту една капка да истече од чашата и испеа да го преплива целиот 50 метарски базен. Ледецки на ЛОИ во Рио успеа да освои четири златни и еден сребрен медал.

 

Се вчитува...