Манчестер јунајтед е силно заинтересиран во своите редови да го донесе крилниот фудбалер на Фиорентина, Федерико Киеза.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 55 милиони евра само за да го доведат еден од најдобрите фудбалери на тимот од Фиренца.
За Киеза заинтересиран е и Интер, но согласно најновите понуди сепак Манчестер јунајтед сега е поблиску до неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА