ЛА Лејкерс загубија од Оклахома со 86-105 во синоќешниот натпревар од НБА лигата.
Во победничкиот тим се издвои Крис Пол со 21 поен, седум скока и шест асистенции, додека кај Лејкерс најдобар беше Леброн Џејмс со 19 поени, 11 скока и четири асистенции.
Леброн привлече внимание уште при самото доаѓање на натпреварот, облечен во дрес на Ливерпул. Неговото пристигнување во дрес на Ливерпул не беше апсолутно ниту најмалку случајно. Од поодамна е познато дека „Кралот“ е голем навивач на англискиот шампион. Во 2011 година година за шест милиони долари купи и акции во клубот, за во меѓувреме тоа вложување да го зголеми на 32 милиони долари.
Кошаркарите на Бруклин, пак, доживеаја тежок пораз од Бостон со 115-149. На овој дуел се беше решено уште по првото полувреме кога Бостон имаше 19 поени разлика. Џејлен Браун беше најефикасен со 21 поени, а Џејсон Татум мечот го заврши со 19 запишани поени.
Торонто со 109-99 славеше против Орландо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА