Базел и Вулверхемптон се последните четвртфиналисти во Лигата на Европа.
Базел со нова победа, сега од 1-0, против Ајнтрахт Франкфурт го потврди патот до Топ 8. Швајцарците славеа и на првиот меч со 3-0.
Вулверхемптон, исто така минимално со 1-0 победи со Олимпијакос, доволно за пласман во четвртфиналето по оние 1-1 од Атина. Стрелец на победничкиот гол за англискиот тим беше Хименез од пенал уште во 9. минута од средбата.
Базел во четвртфиналето ќе игра со украински Шахтјор Доњецк, додека Вулверхемптон ќе игра со Севилја.
ЛИГА ЕВРОПА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Манчестер јунајтед – Копенхаген
Интер – Баер Леверкузен
Шахтјор Доњецк – Базел
Вулверхемптон – Севилја
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА