Последен поздрав за големиот ривал – Партизан се прости од Оџо

Целата спортска јавност во Европа е потресена од смртта на поранешниот центар на Црвена Звезда Мајкл Оџо.  Нигерискиот центар почина во 28. година од животот како последица од срцев удар на индивидуален тренинг во фитнес центар во склоп на стадионот на Партизан. Со последен поздрав се прости и Партизан.

„Последен поздрав за големиот ривал. Партизан изразува сочувство по повод смртта на нигерискиот кошаркар Мајкл Оџо. Оџо почина во текот на индивидуалниот тренинг на стадионот на ФК Партизан како последица од срцев удар“, стои на официјалната твитер страница на Партизан. 

 

Се вчитува...