Неочекуваната смрт на поранешниот кошаркар на Црвена Звезда Мајкл Оџо ја шокираше јавноста во Европа. Нигерискиот центар почина откако по индивидуален тренинг на стадионот на Партизан доживеа срцев удар.
Како што известуваат српските медиуми Оџо настрадал во кошаркарската сала на Хумска во која имал тренинг. Како што кажуваат очевидците на настанот тој само се потпрел на ѕидот од салата и паднал на подот. Исто така Оџо прележал коронавирус и добил потврда дека може да се врати на тренинзи како би ја нашол вистинската форма. Оџо почина на 27-годишна возраст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА