Македонскиот фудбал за првпат во својата историја во една од двете свои водечки лиги ќе има дама како шеф на стручен штаб. Новиот член во Втората лига – Исток, ФК Росоман 83 се одлучи како нов тренер за својата дебитантска сезона во второлигашката конкуренција да ја именува поранешната македонска репрезентативка Драгана Костова.
Костова, која поседува тренерска А лиценца, во стручниот штаб, како што информираат од Росоман, ќе има и неколку поискусни соработници кои ќе и помагаат во водењето на тимот.
„Со среќа Драгана, имаш поддршка од сите, а исто така имаш и искусни соработници во тренерската екипа од кои ќе научиш уште повеќе!“ – и посакаа од ФК Росоман добредојде на Костова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА