Малер до малер го следи ПСЖ во пресрет на завршницата од Лигата на Шампионите, најпрвин се повреди Мбапе, потоа и Марко Верати, сега неизвесен е и дефанзивецот Керер, но врвот на несреќата беше достигнат на денешниот тренинг, на кој тешка повреда заработи тренерот Томас Тухел.
Германскиот стручњак останал да лежи на теренот и со лекарска помош се упатил кон соблекувалните, а деталните прегледи покажале дека тој има истегнување на скочниот зглоб, но и фрактура на петтата метатарсална коска.
Тухел ќе може да го води ПСЖ на четвртфиналниот дуел со Аталанта, но со оглед на тежината на повредата целиот меч ќе мора да го мине седејќи на клупата за резерви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА