Бенфика во трансферна офанзива, покрај Кавани го сака и Вертонген

Португалскиот гигант Бенфика е решен да ја врати шампионската титула во новата сезона и затоа раководството на клубот максимално активно работи на трансфер пазарот. Речиси е договорено доаѓањето на уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани кој треба да потпише тригодишен договор, а во Лисабон веќе е виден и Јан Вертонген, досегашниот дефанзивец на Тотенхем. Тој е слободен агент и весникот „О’Жого“ тврди дека е во сериозни преговори со раководните луѓе на Бенфика.

Португалскиот тим го врати на клупата Жорге Жесус, а тој лично разговарал со двајцата фудбалери и ги убедил да дојдат во Бенфика. Целта е освојување на шампионската титула во Португалија. Покрај Кавани и Вертонген, португалскиот клуб е заинтересиран и за двајца фудбалери на Фрајбург, Робин Кох и Лука Валдшмит.

Се вчитува...