Азербејџан како дестинација е судена за македонските екипи во европските натпреварувања ова лето. По Силекс, кој ќе се соочи со Карабах во квалификациите за ЛШ, и Шкендија и Шкупи ќе мора да патуваат во Азербејџан, додека Ренова патува во Ерменија.
Шкендија на стартот од квалификациите за ЛЕ, како носител, ќе се соочи со азербејџанскиот Сумгајт, додека Шкупи ќе игра со Нефчи. Тимот од Чаир ќе треба да гостува во Азербејџан, доколку УЕФА не одлучи натпреварите да се играат на неутрален терен.
Ренова, пак, ќе го гостува на Алашкерт во Ерменија. Сите натпревари ќе се играат на 27. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА