Фудбалската федерација на Македонија го комплетираше нејзиниот дел од обврските околу реновирањето на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп информираат од ФФМ на официјалниот сајт. Федерацијата вели дека сега стадионот е под комплетна гриѓа на општина Прилп кој ќе треба да постави нова трафостаница за да може да бидат во функција рефлекторите за ноќни натпревари.
„Со средства од “Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнување, а исто така, многу значајно е тоа што се постави и целосно ново рефлекторско осветлување и сега на стадионот има можност да се одигруваат и натпревари под рефлектори. Функционирањето на рефлекторите беше тестирано од страна на инвеститорите и надзорот, и оценката е дека ги исполнуваат критериумите за одигрување на вечерни натпревари.
Во договорот со општина Прилеп, општината треба да изгради посебна трафостаница за користење на новото осветлување на стадионот “Гоце Делчев”, а љубителите на фудбалот се надеваат дека во многу скоро време општината ќе го заврши својот дел од работите поврзани со трибините и потрибинскиот простор и конечно стадионот ќе го добие својот вистински фудбалски лик“ – стои во информацијата од ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА