Борусија Дортмунд ја затвори врата за Џејдон Санчо: Тој останува со нас

Главната трансфер цел на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо се чини летово ќе остане само желба. Ова доаѓа откако младиот англиски репрезентативец веќе отпатува на предсезонските подоготвки на германаскиот вицеправак, а особено по изјавата на Михаел Цорк, спортскиот директор на Борусија Дортмунд кој вели дека фудбалерот останува во клубот и следната сезона.

„Одлуката е конечна. Тој е во нашите планови за следната сезона. Мислам дека ова е одговорот на сите прашања кои беа поставувани во минатиот период. Минатото лето го продолживме неговиот договор до 2023 и тој доби значително зголемување на годишната плата во согласност со неговите изданија и перформанси“ – изјави Цорк.

 

Се вчитува...