Италијанскиот претставник Интер се пласира во полуфиналето на Лигата на Европа, откако го совлада Баер Леверкузен со 2-1 во четвртфиналната пресметка во Диселдорф. Манчестер Јунајтед и ФК Копенхаген ќе играат најмалку уште половина час (2 х 15 продолженија) со оглед дека во регуларниот тек на овој меч немаше голови.
Николо Барела во 15.минута со прецизен шут од работ на шеснаесетникот го доведе Интер во водство, а шест минути подоцна Ромелу Лукаку зголеми на 2-0. Сепак, неизвесноста брзо ја врати Каи Хаверц со погодокот во 24.минута.
Манчестер Јунајтед не ја потврди фаворитската улога против ФК Копенхаген, барем кога е резултатот во прашање. „Црвените ѓаволи“ двапати ја погодија рамката од противничкиот гол, но погодок во Келн сепак немаше по 90 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА