Манчестер Јунајтед се изнамачи за полуфинале во Лига Европа

Англискиот претставник Манчестер Јунајтед мораше да игра 120 минути против ФК Копенхаген за да обезбеди пласман во полифиналето на Лигата на Европа. Таму ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Севилја и Вулверхемптон.

Тимот на Оле Гунар Солскјер победи со 1-0 дури по продолженија, и тоа со погодок од белата точка во 95.минута. Успешен реализатор беше португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш.

Манчестер Јунајтед беше подобар ривал и во регуларниот тек од мечот, Гринвуд и Бруно Фернадеш ја погодија рамката од голот на противникот, а и голманот Карл-Јохан Јонсон имаше блескава вечер на голот на данскиот тим.

Се вчитува...