Грција ќе биде организатор на квалификацискиот турнир за сениорски ракометни репрезентации, во битка за место во баражот за претстојното светско првенство. Покрај Македонија и Грција, дел од оваа претквалификациска група се и селекциите на Исланд и на Литванија, а пласман во баражот ќе обезбедат двете најдобри селекции од групата.
При самата ждрепка беше извлечена и селекцијата која прва ќе има право да го организира турнирот, при што најмногу среќа имаше нашиот јужен сосед. По долго тактизирање, Грците денеска обелоденија дека го прифаќаат предизвикот за организација на еден ваков турнир во услови на Covid-19, а градот домаќин дополнително ќе биде објавен.
Турнирот ќе стартува на 4 декември, а Македонија во првото коло ќе се сретне со Исланд, за 5 декември е закажан дуелот на нашите ракометарки со Литванија, а во рамките од третото коло македонските репрезентативки ќе излезат на мегдан со домаќинот Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА