Барселона попладнево го обелодени идентитетот на фудбалерот чиј тест на Covid-19 денеска беше со позитивен резултат. Станува збор за дефанзивецот Жан Клер Тодибо, кој веднаш бил ставен во самоизолација.
Францускиот интернационалец ја мина ланската сезона на позајмица во Шалке, а утрово беше еден од деветмината фудбалери кои се појавија на првата прозивка на подготовките за наредната сезона. На тренингот не учествуваа асовите на Барса кои се подготвуваат за завршницата од ЛШ, туку новото засилување Тринкао, дел од повратниците од позајмици и најталентираните играчи од младинската школа.
Од деветте тестови, единствено тој на Тодибо бил позитивен на коронавирус, а добра вест за каталонскиот гигант е што Французинот во изминатите денови воопшто немал контакт со првотимците на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА