Вардар победнички стартуваше во Струга, во вториот дел го скрши отпорот на Охрид (ФОТО)

Вардар победнички стартуваше на турнирот во Струга, славејќи во првиот свој натпревар од фазата по групи против Охрид со 27-22.

Низ главно израмнет натпревар, „вардарци“ отпорот на охриѓани комплетно го скршија во вториот дел откако првото полувреме заврши само со предност од еден гол (13-12). Во вториот дел четири голови предност за конечна победа од 27-22.

За охриѓани ова е прв пораз на турнирот по вчерашната победа со Бутел во првото коло.

Најефикасен во победничкиот табор беше Тимур Дибиров со 7 постигнати гола, а со три погодоци завршија Гоце Георгиевски и Филип Талески. По два гола постигнаа Вујин, Димитриоски и Чупиќ.

Утре на турнирот во Струга, Металург ќе игра против Струга, Е. Пелистер ќе се соочи со Прилеп, додека пак Вардар ќе оди на мегдан со вториот тим на Е. Пелистер.

Се вчитува...