Формула 1 шампионот, Луис Хамилтон, обвинува дека ФИА се обидува да го спречи да ја освои седмата шампионска титула. Институцијата во чија надлежност е Ф1 извесно ќе донесе забрани за користење на уредот кој овозможува максимална сила на моторот за време на квалификациите. Хамилтон кој во актуелнава сезона во која веќе се одржаа пет трки има 30 бода предност на лидерската позиција во поредокот пред најблискиот конкурент, Макс Ферстапен.
„Не е изненадување. Очигледно е дека сакаат да не забават, но мислам дека нема да им успее. Момците од нашиот тим направија толку добра работа со моторот. ФИА може да прави што сака“ – вели Хамилтон.
Со Хамилтон се согласува и неговиот партнер од Мерцедес, Валтери Ботас, но додава дека кај нив нема паника и оти регулативата ќе биде идентична за сите и Мерцедес ќе се адаптира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА