Лионел Меси е убедливо на врвот на фудбалерите со најголема заработувачка во текот на минатата сезона, во рангирањето што го пренесоа неколку европски гиганти. Асот на Барселона е најплатен светски фудбалер со договорот што го има со Барселона (над 50 милиони евра по сезона), но исто така има и неколку богати спонзорски договори. Врз основа на сите приходи, Меси во минатата сезона (од август 2019 до јули 2020 година) заработил неверојатни 133 милиони евра. Според овие бројки, Аргентинецот во просек инкасирал по 364.000 евра секој ден, или нешто повеќе од 15.000 евра на час.
Кристијано Роналдо има побогати спонзорски договори од големиот ривал, но Португалецот има и помал договор со Јуве (32 милиони евра по сезона). Поради тоа, Роналдо е втор на ранг-листата со вкупна заработувачка 0д 120 милиони евра во текот на минатата сезона, или десет милиони евра месечно.
Трет на рангирањето е Нејмар со 96 милиони евра годишна заработувачка, далеку пред Гризман и Бејл, кои се наоѓаат на делба на четвртото место со по 39 милиони евра. Во оваа Топ 10 листа се најдоа уште и Еден Азар (35 милиони), Андрес Иниеста (34 милиони евра). Фудбалер со најголема заработка во Премиер-лигата е Рахим Стерлинг, кој со 33 милиони евра е осмопласиран во светски рамки, пред Левандовски со 29 милиони и Мбапе со 27 милиони евра годишна заработувачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

