Сосема очекувано ниту насловните страница на најпознатите спортски медиуми во Шпанија немаа милост за Барселона по спектакуларниот пораз од 2-8 од Баерн Минхен.
За ова што се случува во Барса веќе никој нема разбирање, па ниту наклонетите кон овој клуб „Спорт“ и „Мундо Депортиво“.
„Крај на срамниот циклус“ – објави „Мундо Депортиво“ со фотографија на очајниот Пике.
„Срамно“ – е насловот на „Марка“ кој дополнува дека шпанскиот фудбал, првпат по 12 години, нема да има ниту еден претставник во полуфиналето од ЛШ.
„Историско понижување“ – е насловот на „Спорт“ и спортскиот весник „Ас“.
„Смешната Барселона го доживеа најтешкиот пораз во Европа и сезоната ја заклучи без трофеј, првпат во 12 години“ – е дел од коментарот на „Спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

