Довициозо и Дукати се разделија

Италијанскиот возач Андреа Довициозо го напушти Дукати. И двете страни потврдија дека Довициозо следната сезона нема да ги брани боите на овој тим.

34-годишниот Довициозо во Дукати пристигна во 2013 година и е еден од најзаслужните што Италијанците се вратија во самиот врв на МОТО ГП спортот. Дури 13 пати се најде на пиедесталот во последните пет сезони, а трипати беше и вицешампион.

Иако се чинеше дека искусниот моторциклист ќе остане во Дукати, за време на пандемијата на коронавирусот дојде до пресврт, а Довициозо одбир да вози за помала плата, па поради тоа се одлучи да ја раскине соработката.

Во моментов технички има едно место само во Априлија, но се уште не е познато за кого Довициозо ќе вози следната сезона.

Се вчитува...