Мандалиниќ е МВП на турнирот во Струга, Дибиров најдобар стрелец

Стипе Мандалиниќ од Е. Пелистер го доби МВП признанието за најдобар ракометар на традиционалниот турнир „Струга 2020“.

За најдобар стрелец беше прогласен Тимур Дибиров од Вардар, а најдобар голман – Градимир Чаневски.

Е. Пелистер го освои трофејот во Струга по победата од 26-23 против Вардар, а бронзениот медал замина кај Металург кој во малото финале славеше против Охрид.

Се вчитува...