Јувентус сака уште една мегаразмена со Барса: Дибала за Гризман?!

Италијанскиот првак Јувентус комплетно ќе го реструктуира составот по барање на новиот тренер Андреа Пирло, а подготвен е на Барселона да и понуди уште една мегаразмена. „Старата дама“ сака да се ослободи од аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала кој бара енормни 20 милиони евра годишна плата за да го продолжи договорот со клубот во Торино и гледа можност да го испрати на „Камп Ноу“. Во размена Пирло го посакува Антоан Гризман како засилување за нападот на Јувентус следната сезона.

Двајцата фудбалери имаат вредност од околу 100 милиони евра, што значи дека оваа мегаразмена, доколку се сложат клубовите, би можела да се случи конкретно ‘играч за играч’, без дополнителни финансиски оптоварувања.

Јувентус и Барселона веќе реализираа една размена на фудбалери од средниот ред, Артур се пресели во Торино, а на „Камп Ноу“ пристигнува Миралем Пјаниќ.

 

Се вчитува...