Лампард го носи Регилон на „Стемфорд бриџ“

Англискиот премиерлигаш Челси е пред договор за ангажман на младиот Шпанец, Серхио Регилон. Тој оваа сезона го носи дресот на Севилја, но е позајмен играч од Реал Мадрид. Менаџерот на Челси, Франк Лапмард, е подготвен да плати 30 милиони евра и да го откупи одличниот лев бек кој најверојатно ќе добие дозвола од Зинедин Зидан да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Челси имаше план да го доведе Бен Чилвел од Лестер, но, сепак Лампард се одлучи за поевтината варијанта.

Англискиот тим досега ги доведе Хаким Зијеч и Тимо Вернер, а Челси е во сериозни преговори и за ангажман на младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц. Лампард сака да доведе и нов голман, ако успее да го продаде Кепа Аризабалага.

За Регилон има сериозен интерес и од Наполи, Рома, Вест Хем и од Њукасл.

Се вчитува...