Лукаку испиша историја, само на чекор и од легендарниот Роналдо

Ромел Лукаку ја игра сезоната на кариерата во дресот на Интер со кого синоќа се избори за пласман во финалето од Лигата на Европа.

Интере во полуфиналето целосно го разби Шахтјор со 5-0, со погодоците на Лаутаро и Лукаку кои стрелаа по двапати, како и Д’Амбросио.

Со двата нови гола Лукаку испиша историја во Лигата на Европа, издвојувајќи се како прв фудбалер кој постигнувал барем по гол во 10 едноподруго натпревари од ова натпреварување. Во тие 10 натпревари од Лигата на Европа белгискиот напаѓач постигна дури 18 погодоци.

Во сите натпреварувања сезонава одигра 50 меча за Интер со постигнати 33 гола. Па, на тој начин дојде блиску и до уште еден рекорд. Се работи во тоа дека најмногу голови во дебитантската сезона за Интер постигна легендарниот Бразилец Роналдо кој во сезоната 1997/98 постигна 34 гола. Ете можност во финалето од Лигата на Европа да го стигне и тој рекорд.

 

Се вчитува...